Дома Фудбал Лига на шампиони Роналдо: Не сакам кога луѓето ме лажат, фудбалот не е најважен

Роналдо: Не сакам кога луѓето ме лажат, фудбалот не е најважен

Кристиано Роналдо го најави натпреварот на Јувентус против Локомотив Москва во третото коло од Лигата на шампионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јувентус се наоѓа на делба на првото место со Атлетико, додека рускиот тим има бод помалку, а на последното место е Баер Леверкузен без бодови.

Со евентуална победа Јувентус би направил голем чекор кон осминафиналето, а Роналдо ги откри клупските цели.

„Фудбалот е предизвик, а ние сакаме да освоиме се оваа сезона. Тука прво мислам на Серија А и Лигата на шампионите. Јувентус размислува само за најголемите работи, но одиме чекор по чекор. Најважен е колективот бидејќи кога тој функционира истовремено победуваме и ние индивидуално. Имаме нов тренер, некои нови играчи и уште се навикнуваме. Но задоволни сме со актуелната форма. Играме поинаков, офанзивен фудбал и напредуваме од ден во ден – на вистинскиот пат сме“.

Роналдо беше и меѓу тројцата кандидати на ФИФА за играч на годината, меѓутоа на крајот наградата ја однесе Лионеле Меси. Аргентинецот и Португалецот, заедно и со Ван Дајк е се борат и за Златната топка.

„Имав одлична сезона, добро ја започнав и оваа. Сакаме само да победиме утре и да се доближиме до осминафиналето. Тоа е за се што размислувам. Горд сум на рекордите, но сум фокусиран на тимот. Сакам да играм за тимот, да победувам и да освојувам трофеи, рекордите доаѓаат сами по себе“.

Новинарите го прашаа и што му пречи.

„Ми пречи кога луѓето не ја зборуваат вистината. Кога во прашање е фудбалот, тука немам големи замерки. Го прифаќам фудбалот таков каков што е, во него сум веќе 17 години. Меѓутоа фудбалот не е најважната работа. Имам семејство, деца…Тоа е најважното нешто“, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ПСЖ може да активира „бомба“ од 150 милиони евра!

Тимот на ПСЖ несомнено е најсилниот во Европа во изминатата година, имајќи предвид дека ст…