Дома Фудбал Останато Роналдо на спектаклот на денот на вљубените ќе „брка“ голем јубилеј

Роналдо на спектаклот на денот на вљубените ќе „брка“ голем јубилеј

Кристиано Роналдо во утрешниот натпревар во Лиганта на шампионите против Пари Сен Жермен ќе брка нов голем јубилеј во дресот на „кралевите“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Имено, Кристиано Роналдо до овој момент во дресот на Реал Мадрид постигна 99 погодоци во најелитното натпреварување во Европа, па против ПСЖ ќе брка „стотка“.

Ѕвездата на „кралевите“ во Лигата на шампионите вкупно постигна 114 погодоци, но 15 од нив ги постигна во времето кога го носеше дресот на Манчестер Јунајтед.

Португалецот до овој момент за Реал Мадрид одигра 94 натпревари. Роналдо оваа сезона во Лигата на шампионите е стрелец на шест погодоци.

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ се игра утре со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Хулк на 40 години има нов клуб!

Бразилската фудбалска икона, Хулк, го продолжи договорот без планови за пензионирање, и по…