Дома Фудбал Лига на шампиони Роналдо мета на сеир поради објавата еден ден пред натпреварот со Атлетико

Роналдо мета на сеир поради објавата еден ден пред натпреварот со Атлетико

Maнчестер Јунајтед беше поразен во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Атлетико со 0:1 и така „црвените ѓаволи“ беа елиминирани од најелитното европско натпреварување.

Голот на одлука го постигна Бразилецот Ренан Лоди во 41. минута, а тоа за него беше прв гол во 25. настап во ЛШ. Големо внимание на навивачите и медиумите во овој натпревар беше насочено кон Роналдо. Португалецот за викендот пред натпреварот постигна хет-трик против Тотенхем, меѓутоа во реваншот не беше на највисоко ниво.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Сега тој е мета на сеир поради неговата објава на еден ден пред натпреварот.

„Утре е еден од оние денови кои со нетрпение ги чекаме. Шанса да им покажеме на луѓето зошто „Олд Трафорд“ познат како „Тетарот на соништата“. Рекреираме одлична атмосфера која ја видовме во последниот натпревар. Ние сме Манчестер Јунајитед“, напиша Роналдо на еден ден пред реваншот со Атлетико.

„Во ред Роналдо, имаш ли број од Мегваер? Како поминавте вчера? Во кој свет ти живееш? Идол кој старее. Далеку од Јувентус, а повторно губиш. Те поздрави Мегваер?…Се само некои од коментарите кои му ги оставаа навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Баерн наредната сезона ќе го слави 125. роденден – „Адидас“ спреми специјален дрес

Во наредната сезона Баерн Минхен ќе го прослави својот 125. Роденден и по тој повод „Адида…