Фудбалскиот свет денес го слави Лионел Меси кој вчера успеа со Аргентина да стигне до единствениот трофеј кој му недостасуваше во кариерата.
Аргентина ја совлада Франција по изведувањето на пенали, а Меси беше прогласен за најдобар играч на првенството.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пораки на честитки до Меси пристигнуваат од сите страни, но посебно внимание привлекуваат оние од Бразил кој е најголемиот ривал на „гаучосите“.
Сепак, на Меси му честиташе Пеле (тука), а сега се огласи и Роналдо (Бразилецот) порачувајќи дека Меси ги оставил ривалствата во сенка.
„Меси ги остави сите ривалства во сенка. Знам дека голем број Бразилци навиваа за Меси во финалето. Ова за него беше збогување со Мундијалите како човек кој одбележа една ера во фудбалот. Честитки Меси“, порача Роналдо.
За Аргентина оваа светска титула е трета во историја, додека на врвот се уште е Бразил со пет освоени Мундијали.
O futebol deste cara joga pra escanteio qualquer rivalidade. Vi muito brasileiro – e gente do mundo inteiro – torcendo pelo Messi nesta final eletrizante. Uma despedida à altura do gênio que, muito além de craque da Copa, capitaneou uma era.
— Ronaldo Nazário (@Ronaldo) December 18, 2022
Parabéns, Messi! pic.twitter.com/djwuKJzexa