Дома Фудбал Роналдо: Мбапе во Реал ќе ја освои „Златната топка“

Роналдо: Мбапе во Реал ќе ја освои „Златната топка“

Легендарниот бразилски фудбалер и поранешна ѕвезда на Реал Мадрид, Роналдо Назарио го коментираше евентуалниот трансфер на Килијан Мбапе.

Роналдо смете дека доколку Мбапе се пресели во Реал Мадрид ќе ја освои Златната топка.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не знам која е вистината, но луѓето зборуваат за заминување на Мбапе од Пари Сен Жермен. Секако, тој ќе има тим во Реал кој ќе го поддржи во каква било одлука што ќе ја донесе. Во Мадрид тој ќе има тим кој ќе му помогне и на теренот и надвор од него. Ќе го заштитат. Имаше добри моменти во ПСЖ, беше голема ѕвезда“, изјави Роналдо.

„Знам точно што ќе се случи кога Мбапе ќе дојде во Мадрид. Тој ќе стане најдобар играч и ќе ја освои Златната топка. Мислам дека тоа е добар избор за него”, додаде Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи го избрал наследникот на Покетино?

Oд редовите на Челзи испратиле богата понуда до Антонио Конте со цел да го преземе тимот и…