Дома Фудбал Лига на шампиони Роналдо: Конечно доаѓа најдобриот дел од Лигата на шампионите

Роналдо: Конечно доаѓа најдобриот дел од Лигата на шампионите

ronaldo

Киксот против Јанг Бојс во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите Јувентус не го плати скапо, иако на „Чизмата“ веднаш започнаа да се сомневаат во квалитетот на тимот.

Меѓутоа, ако го прашате Кристиано Роналдо, тој е целосно мирен и не е премногу загрижен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Конечно започнува најдобриот дел од Лигата на шампионите. Наскоро ни доаѓаат оние вистинските, најдобрите натпревари. Секако, не сме среќни поради поразот од Јанг Бојс бидејќи сакавме да се обезбедиме уште во првото полувреме. Можев да постигнам неколку голови и да успеев резултатот сигурно ќе беше поинаков. Сега мораме да се фокусираме на првенството и саботното дерби против Торино. Во јануари нас не чека и Суперкупот на Италија со Милан, а потоа се враќа и Лигата на шампионите“, изјави Роналдо.

Потенцијалните ривали на Јувентус во нокаут фазата се Атлетико Мадрид, Шалке, Тотенхем, Ливерпул, Ајакс и Лион.

„Искрено, не размислувам повеќе за тоа и мирен сум – го знам потенцијалнот на овој тим и ги знам своите квалитети“, порача Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…