Дома Топ вести Роналдо кажа ДА: Спремна најголемата трампа во историјата на фудбалот

Роналдо кажа ДА: Спремна најголемата трампа во историјата на фудбалот

Веќе подолго време се пишува за незадоволството на Кристиано Роналдо во Мадрид, а денес пристигнаа информации дека Португалецот донел одлука да го напушти „Сантиаго Бернабеу“ следното лето.

Капката која ја прелила чашата е изјавата на претседателот Флорентино Перез со која отворено го повика Нејмар да дојде во Реал Мадрид и да ја освои „Златната топка“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми тврдат дека ако Роналдо сака да го напушти Реал и да остане во Европа, единствена опција му е Пари Сент Жермен, кој веќе воспоставил контакт со неговиот агент.

„Светците“ се спремни да го направат Роналдо најплатен фудбалер во светот, а за возврат ќе добијат маркетиншка „бомба“ и за уште неколку сезони врвен фудбалер.

Перез сака да ја искористи таквата ситуација и за возврат да го добие потписот на Нејмар, кој исто така не е задоволен во Париз и е спремен да се врати во Шпанија.

Шпанските медиуми најавуваат дека веќе се спрема најголемата трампа во историјата на фудбалот, а „кралевите“ се спремни покрај Роналдо за Нејмар да платат одредена сума на пари.

Двајцата фудбалери се спремни да ја променат средината…сигурно не очекува жешко лето!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…