Јувентус утре го очекува најважниот натпревар во досегашниот дел од сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Старата дама“ на свој терен ќе го игра реваншот против Атлетико Мадрид и ќе се обиде да ја надополни негативата од 2:0 од првиот натпревар во Мадрид.
Атлетико важи за цврст тим и против „јорганџиите“ навистина е тешко да го свртите резултатот во своја корист, меѓутоа во Торино сигурно нема да се откажат, а максимално мотивиран да блесне во најдобро светло е Кристиано Роналдо.
Во текот на вчерашниот ден Роналдо сними кратко видео во кое порача дека верува во пресврт и ја побара помошта од навивачите.
„Во вторник ќе ни биде потребна вашата помош, поддржете не и мислете позитивно. Верувам дека можеме успееме. На домашен терен сме силно, меѓутоа ни треба и помошта од фановите. Се надевам дека ќе ни помогнат и дека тоа ќе биде специјална вечер за сите нас. Ќе се потрудиме да постигнеме повеќе голови и да се пласираме во следната фаза“, порача помеѓудругото Роналдо.
? @Cristiano is ready. And you? #GETREADY TO COMEBACK!
L'intervista completa su @JuventusTv ➡ https://t.co/yySGPPplz0#JuveAtleti #UCL pic.twitter.com/Z8K2m5RGje— JuventusFC (@juventusfc) March 10, 2019
Реваншот во осминафиналето помеѓу Јувентус и Атлетико е закажан за утре во стандардниот термин од 21:00 часот. Во вториот натпревар утре Манчестер Сити го пречекува Шалке со предност од 2:0 од првиот натпревар во Германија.