Селекторот на Бразил, Тите го објави конечниот список за Светското првенство. Според обложувалниците, Бразил е еден од фаворитите за освојување на титулата светски шампион.
Кога ќе се погледне составот со кој располага јасно е зошто е така. Меѓутоа, легндарниот Бразилец, Роналдо има една забелешка на списокот на бразилскиот селектор. Роналдо смета дека напаѓачот на Палмеирас, Ендрик требало да добие место на списокот помеѓу патниците за Катар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Станува збор за 16-годишник кој е следен од најголемите европски клубови по одличните настапи во јуниорската, а неодамна и во сениорската конкуренција. Во бразилските медиуми толкаво внимание на еден млад играч не било посветено уште од Нејмар.
„Многумина жалат што Габигол (Габриел Барбоса) не е на списокот, но ако треба да земам друг играч, би го земал Ендрик“, изјави Роналдо.
„Тој е перспективен млад играч кој веќе се однесува како професионалец. Тоа би било сензационално искуство за него“, смета 46-годишниот Роналдо, кој беше повикан на Светското првенство во САД во 1994 година како 17-годишник од поранешниот селектор на Бразил, Карлос Алберто Пареира.
Ќе потсетиме, на списокот на Бразил во нападот немаше место ниту за напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино.