Дома Фудбал Останато Роналдо избра шестмина фудбалери кои во иднина може да ја освојат „Златната топка“

Роналдо избра шестмина фудбалери кои во иднина може да ја освојат „Златната топка“

Kристиано Роналдо е еден од најголемите фудбалери во историјата и заедно со Лионел Меси во последните 10 години се до оваа не дозволуваа некој друг да го освои признанието најдобар фудбалерот во светот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Изминатата година Лука Модриќ кој со Хрватска освои средбо на Светското првенство во Русија и беше дел од тимот на Реал кој триумфираше трети пат во низа во Лигата на шампионите стави крај на доминацијата. Многумина ќе кажат незаслужено, но титулата на Модриќ никој не може да му ја одземе.

Пред него последен кој се радуваше на овој трофеј, а да не носеше презиме Роналдо или Меси беше Бразилецот Рикардо Кака.

Кога Модриќ го освои ова признание започнаа со Весли Снајдер кој како член на Интер и репрезнтативец на Холандија имаше сличен успех како Хрватот.

Како и да е Роналдо и Меси нема да бидат вечни и во иднина сигурно дека нови имиња ќе гледаме како се закитуваат со ова признание, иако не е исклучена можноста Меси и Роналдо да освојат уште некоја „Златна топка“ гледајќи на какво ниво играат се уште.

Сега Роналдо во едно интервју за италијанските медиуми откри кои фудбалери според него во иднината можат да станат најдобри во свет. Португалецот од „морето“ потенцијални добитиници ги издвои: Марко Асенсио, Нејмар, Килијан Мбапе, Осман Дембеле, Еден Азар и Маркус Рашфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Керик остана без голема желба: Бразилецот го одби Манчестер Јунајтед и потпиша тригодишен договор

Мајкл Керик сè уште официјално не започна да го составува тимот за новата сезона, а Манчес…