Португалската мега-ѕвезда Кристиано Роналдо предизвика вистинска еуфорија со трансферот во Јувентус, не само кај фановите на „старата дама“ туку и во целиот фудбалски свет.
Колкава е моќта на Роналдо посебно во дигиталниот свет најдобро покажува и податокот дека неговата објава на Инстаграм, „Форца Јуве“, која ја објави на 16 јули за помалку од два дена стана петти најлајкуван пост во историјата на оваа друштвена мрежа со 11,3 милиони лајкови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
До крајот на денот објавата може да прескокне еден негов пост од ноември 2017 година, кога го објави раѓањето на неговата ќерка Алана Марија. Загрозен е и постот на Џастин Бибер на третото место, кој има 12,7 милиони лајкови.
Овој неверојатен податок уште еднаш покажува колкава е моќта на социјалните мрежи во модерното време и колку за клубовите е важен брендот на самите играши.
Имено, Роналдо на трите најпопуларни друштвени мрежи, Фејсбук, Инстаграм и Твитер заедно има повеќе од 331 милион следбеници, а Јувентус „само“ 54 милиони.