Кристијано Роналдо и Португалија беа запрени во четвртфиналето на Светското првенство откако Мароко беше подобар од португалската селекција.
По елиминацијата Роналдо ја даде својата прогноза за Мундијалот, освен што го прогнозираше освојувачот не криеше и дека очекува Мбапе да биде избран за најдобар играч на турнирот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мислам дека Франција е фаворит да ја освои титулата, како што кажав и пред почетокот на турнирот. Мбапе мислам дека ќе биде најдобриот играч на ова Светско првенство“, изјави Роналдо за британски „Мирор“.
Ќе потсетиме, во битка за титулата останаа уште четири репрезентации, Франција, Аргентина, Хрватска и Мароко. Денес во пресметката помеѓу Хрватска и Аргентина ќе го дознаеме и првиот финалист.