Кристиано Роналдо после пристигнувањето во италијанскиот шампион објави дека во новиот клуб се чустува како во семејство и дека тоа не било така во Мадрид.
Таквата негова изјава го налути капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос кој сега влезе во судир со својот поранешен соиграч.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Рамос тврди дека во Реал секогаш има блискост помеѓу фудбалерите и дека ниту еден играч не е поголем од клубот.
„Секогаш сме се чуствувале како семејство, па така не знам за што тој зборува. Имавме многу успех, токму затоа што сме едно големо семејство и тој беше дел од семејството кое се уште опстојува. Очигледно дека не е убаво кога ќе изгубите играч како Роналдо, но можеме да победуваме и без него. Во историјата на овој клуб, многумина дојдоа и заминаа, а Реал секогаш победуваше. Никој не е над Реал Мадрид“, изјави Рамос.