Дома Фудбал Лига на шампиони Роналдо го водеше Јувентус до победа на „Ноу Камп“, Лајпциг го шокираше Јунајтед 🎥

Роналдо го водеше Јувентус до победа на „Ноу Камп“, Лајпциг го шокираше Јунајтед 🎥

Вечерва Јувентус во дербито на колото ја совлада Барселона со 0:3 на „Ноу Камп“.

Од самиот старт Јувентус прикажа добра игра, а таквата игра им се исплатеше во 13. минута кога Роналдо после еден пенал го отвори резултатот. Мекени седум минути подоцна акробатски стрелаше за 0:2.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во второто полувреме ситуацијата на теренот не се промени многу. Јувентус до 0:3 стигна со голот на Роналдо од уште еден панал. Со оваа победа Јувентус изби на првото место во групата пред Барселона.

Манчестер Јунајтед доживеа шок од Лајпциг и на гости во Германија изгуби со 3:2 со што го заврши настапот во ЛШ. Анхелињо уште во втората минута го отвори резултатот, а веќе во 13. Хаидара погоди за 2:0. Во 30. минута ВАР поради офсајд поништи гол на Лајпциг. На 3:0 зголеми Клајверт, а Бруно Фернандеш и Погба погодуваа за 3:2.

Натпреварот ПСЖ – Башакшехир беше прекинат – повеќе за ова тука.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ

Рен – Севиља 1:3

Динамо – Киев 1:0

Челзи – Краснодар 1:1

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Гигантите се „тепаат“ за младата ѕвезда на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти. Нај…