Неколку дена пред финалето во Лигата на шампиони помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул медиумите ги ставаат „под лупа“ големите ѕвезди на двата тима.
Се очекува претставувањето на Кристиано Роналдо да биде решавачко за крајниот исход на мечот. На 33 години Португалецот многу добро знае дека треба повеќе да внимава на исхраната, тренинзите и рехабилитацијата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Роналдо во финалето ќе излезе со тежина пониска од 85 килограми (187 сантимери висок), бидејќи неговата идеја е секоја година да намалува по еден килограм, за да не губи на брзина.
Португалецот се труди да го „чисти“ вишокот килограми за да може да трча по брзо и да скока повисоко. Неговата диета вклучува многу риба, салати, црно чоколадо и вино. Притоа Роналдо пие многу течности богати со витамин Б12.