Дома Фудбал Италија Роналдо: Во Јувентус докажав дека не продавам магла!

Роналдо: Во Јувентус докажав дека не продавам магла!

Кристиано Роналдо минатото лето после цели девет години го напушти Реал Мадрид и се пресели во Јувентус во трансфер вреден 100 милиони евра.

Додека многумина беа скептички како Роналдо ќе се адаптира на италијанскиот фудбал, тој стана првиот играч кој ја освоил Премиер лигата, Примера и Серија А.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во разговор за „Ел Пас“, Роналдо истакна дека не е фудбалер кој продава магла и дека во Јувентус уште еднаш го докажа својот квалитет.

„Првата работа која ја правам кога ќе дојдам во нов клуб е да бидам тоа што сум. Мојата етика на работа е секогаш иста. Во Јувентус се вклопив совршено. Сите видоа дека не сум некој кој продава магла“, изјави Роналдо.

Роналдо има фантастична кариера, а неодамна го постигна и својот 600-ти гол во кариерата.

„Треба да бидете скормни и да знаете дека не можете се. Ако си паметен ќе знаеш дека ситниците те прават подобар спортист“, заклучи Роналдо.

Иако го освои Скудетото, Роналдо не може да биде целосно задоволен бидејќи не успеа да му ја донесе на Јуве долгоочекуваната титула во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Меси се сврте кон камерата и испрати важна порака🎥

Интер Мајами победи со 3:2 на гостувањето кај Монтреал во меч од МЛС шампионатот и на тој …