Кристиано Роналдо вчера влезе во една мини црна серија со Јувентус.
Португалскиот ас дочека да го изгуби второто финале во низа. Наполи на нашиот Елмас го победи Јувентус после подоброто извеување на пенали, а Јувентус остана во игра за два трофеи до крајот на сезоната, Серија А и Лигата на шампионите. Сепак, навивачите на Јувентус сигурно ги загрижува играта која ја прикажа „старата дама“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Роналдо кој не е научен многу да губи, посебно не во големите натпревари во Јувентус сега изгуби две финалиња во низа. Поред вчерашниот пораз Јувентус кон крајот на минатата година изгуби во Суперкупот од Лацио. Вакво нешто (пораз во две финалиња во низа) на Роналдо му се случува првпат во кариерата.