Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо имаше прилика да го подигне трофејот во Лигата на шампионите во времето додека играше за Барселона.
Роналдињо своите најдобри денови ги помина во дресот на каталонскиот клуб со кој во 2006 година стигна до трофејот во Лигата на шампионите. Потоа фудбалот како да не му беше приоритет број еден, иако многумина веруваат дека имаше уште што да покаже.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Бразилецот минатата година официјално ја заврши својата играчка кариера и сигурно дека ќе остане запаметен како еден од последните фудбалски волшебници кој правеше чуда со топката на фудбалскиот терен.
Роналдињо призна дека денес не следи фудбал како што многумина мислат, но наоѓа време да проследи некој добар натпревар. Откри дека најмногу сака да ја гледа Лигата на шампионите и дуелите на европските клубови.
Роналдињо исто така сите ги изненади кога одговори на прашањето кој би можел да ја освои Лигата на шампионите, неговиот одговор беше Тотенхем иако сите очекуваа да ја избере Барселона.
„Зошто Тотенхем да не може да ја освои Лигата на шампионите? Поради тоа што никогаш немаат некоја историја во тоа натпреварување? Тоа се глупости. Верувам дека тие можат го освојат трофејот оваа сезона, со играта против Манчестер Сити го покажаа тоа“.
„Знам дека многумина очекуваа да ја изберам Барселона, но овој пат типувам на Тотенхем. Ја сакам Барселона и верувам во нив, но оваа сезона очекувам некои поголемо изненадување“, изјави Роналдињо.