Дома Фудбал Италија Рома спреми богата понуда за Конте, ако ја прифати може да видиме голем „ремонт“ во Рим

Рома спреми богата понуда за Конте, ако ја прифати може да видиме голем „ремонт“ во Рим

Ако Италијанецот прифати, двајца играчи би требало да заминат.

Во Рома се цврсто решени Антонио Конте да им биде нивниот нов тренер. Поранешниот трофеен тренер на Јувентус е прв пик на „волчицата“ и преговорите веќе се започнати. Конте добил понуда која финансиски била помала од она што го добива од Челзи, но и таа сума е доволна за Рома да мора да ги намали трошоците за други фудбалери.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што тврди „Калчомеркато“, Рома му понудила договор на Конте според кој тој би заработувал 9.5 милиони евра годишно што е за 1.5 милиони помалку од договорот кој италијанскиот стратег го врзува со Челзи.

Конте наводно е заинтересиран за работата во Рим и е спремен да се откаже од тие 1.5 милион евра разлика, но бара гаранција околу доведувањето на играчи, околу ангажманот и изборот на засилувања. Италијанецот сака да создаде цврст тим кој ќе може да го предизвика Јувентус во борбата за Скудетото и конечно да ја прекине доминацијата на „старата дама“.

Рома се уште не избрала и нов спортски директор од заминувањето на Рамон Мончи, во овој момент најблиску до таа функција во Рим е Џанлука Петраки кој работеше во Торино.

Меѓутоа како што тврди „Калчомеркато“ доколку Конте ја прифати понудата од Рома клубот ќе мора да ги продаде најплатените играчи како: Един Џеко, Хавиер Пасторе и Стивен Н’Зози.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Скандал: Тренерот на Лестер доби отказ поради ceкс со фудбалерка!

Менаџерот на женскиот тим на Лестер Сити, Вили Кирк (45) доби отказ oткако внатрешната ист…