Во Рома го отпуштија претходниот тренер Паоло Фонсека незадоволни од резултатите, а на негово место со голема еуфорија беше доведе Жозе Мурињо. Сепак, ако сега се погледне статистиката изгледа дека Португалецот е полош од Фонсека.
После 12 кола во Серија А Рома има само 19 бодови и ако се спореди тој период со лани кога Фонесека ја водеше „волчицата“ римскиот калчолигаш има пет бода помалку. Фонсека во овој период лани имаше 24 бода од 12 натпревари и тоа со еден службен пораз поради грешката со Амаду Дијавара.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Почетокот на Мурињо беше перфектен имаше шест победи во првите седум кола, потоа дојде поразот од Лацио во септември и работите тргнаа во надолна линија. Ако се споредат поразите Рома има два повеќе од ерата на Фонсека.
Освен тоа Фонсека имаше седум победи, една повеќе од Мурињо, Рома тогаш постигна и повеќе голови, оваа Рома на Мурињо има и повеќе примени голови. Дека работите не одат како што треба покажуваат осумте гола примени од Бодо Глимт во двата натпревари во Конференциската лига.