Дома Фудбал Лига на шампиони Рома на првата позиција: Кој колку заработи оваа сезона од Лигата на шампионите…

Рома на првата позиција: Кој колку заработи оваа сезона од Лигата на шампионите…

champions league

Екипата на Рома до овој момент е тимот кој најмногу заработил во Лигата на шампионите, најмногу поради ТВ правата.

Од година во година учесниците во Лигата на шампионите заработуваат се повеќе и повеќе.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оние најпопуларните заработуваат далеку повеќе од оние „помалите“, па поради тоа пример, Јувентус стигна до заработка од 78 милиони евра, а Севиља 48 милиони евра иако стигнаа до истата фаза од најелитното европско натпреварување.

Парите од телевизиските права се зголемуваат од година во година и тие не носат исто профит за сите клубови. Во Англија, Челзи од ТВ правата заработил 39.5 милиони евра, додека Манчестер Јунајтед „само“ 11.8 милиони евра. Причината за вакво нешто е што „ѓаволите“ имаа помалку атрактивни противници.

Најмногу од ТВ правата оваа сезона заработи Јувентус, дури 47.4 милиони евра. Рома е следна на оваа листа со 43 милиони, што во превод ни кажува дека италијанските клубови оваа сезона биле најатрактивни за гледање во најсилното европско натпреварување.

Во продолжение погледнете ја комплетната заработка на клубовите од најсилните пет лиги, сметајќи ги парите од бонуси за победи и пласман во следната фаза, како и парите од ТВ правата.

АНГЛИЈА

Ливерпул – 66 милиони евра

Челзи – 64 милиони евра

Манчестер Сити – 62 милиони евра

Тотенхем – 60 милиони евра

Манчестер Јунајтед – 39 милиони евра

ИТАЛИЈА

Рома – 82 милиони евра

Јувентус – 78 милиони евра

Наполи – 38 милиони евра

ШПАНИЈА

Реал Мадрид – 71 милион евра

Барселона – 57 милиони евра

Севиља – 48 милиони евра

Атлетико – 32 милиони евра

ГЕРМАНИЈА

Баерн – 70 милиони евра

Лајпциг – 34 милиони евра

Борусија – 26 милиони евра

Хофенхајм – 10 милиони евра (елиминирани во плеј-офот)

ФРАНЦИЈА

Пари Сен Жермен – 61 милион евра

Монако – 47 милиони евра

Ница – 11 милиони евра (елиминирани во плеј-офот)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…