Дома Фудбал Лига на шампиони Рома – Ливерпул, веројатни состави!

Рома – Ливерпул, веројатни состави!

Вечерва на програмата во Лигата на шампионите е реваншот од полуфиналето помеѓу Рома и Ливерпул, а во подобра ситуација се „црвените“ кои носат предност од 5:2.

Рома нема што да брани и да чека, па вечерва како и во реваншот против Барселона ќе тргне на се или ништо. Медиумите во Италија најавуваат офанзивен состав во кој ќе има место за Ел Шарави, а во првиот тим нема да бидат Стротман и Пероти. Исто така се очекува Ундер натпреварот да го започне од клупата.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Од друга страна, Клоп веројатно ќе настапи скоро во ист состав како и во првиот натпревар со тоа што се очекува само Ванијалдум да игра место повредениот Чемберлејн.

Веројатни состави:

РОМА: Алисон ,Флоренци, Манолас, Фазио, Коларов, Наинголан, Де Роси, Пелегрини, Шик, Џеко, Ел Шарави

ЛИВЕРПУЛ: Кариус, Александар-Арнолд, Ловрен, Ван Дијк, Робертсон, Ванијалдум, Хендерсон, Милнер, Салах, Фирмино, Мане

Детална анализа како и предлог тип за вечерашниот натпревар можете да пронајдете на професионалниот сајт за спортско обложување Кладење.мк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …