Дома Фудбал Италија Рома донела конечна одлука за Де Роси

Рома донела конечна одлука за Де Роси

Раководството на Рома на почетокот на 2024 година се реши на шок-терапија со смена на Жозе Мурињо, кој на клупата на првиот тим беше заменет од легендарниот фудбалер на римскиот клуб Даниеле де Роси.

За само 15 натпревари Де Роси успеа целосно да го промени расположението во италијанската престолнина, па сонот за пласман во Лигата на шампионите повторно стана реалност, додека во Лигата на Европа успеа да ги елиминира Феенорд и Брајтон и да се најде во четвртфиналето кадеш то ќе се сретне со Милан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Де Роси првично пристигна како решение до крајот на сезоната, но италијанскиот „Ска“ј пренесува дека клупското раководство на чело со Ден Фредкин веќе подготвило нов долгорочен договор со клупската легенда.

Очигледно прашање на време е кога 40-годишниот Роман ќе потпише нов договор, кој без сомнение би ги израдувал сите навивачи на Рома.

Рома на 15 натпревари со Де Роси има 10 победи, три нерешени и само два порази, против Брајтон кога веќе се беше готово во првиот меч и против шампионот на Италија, Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…