Дома Фудбал Италија Рома доживеа катастрофа – Фиорентина броеше до седум (видео)

Рома доживеа катастрофа – Фиорентина броеше до седум (видео)

Фудбалерите на Рома доживеаа катастрофален пораз од 7:1 против Фиорентина во четвртфиналето на италијанскиот Куп.

Голеадата во Фиренца ја отвори маестралниот Федерико Киеза уште во 7-та минута, а десет минути подоцна зголеми на 2:0. Во 28-та минута Коларов ја врати Рома во живот, но до крајот на полувремето Муриел зголеми на 3:1.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во второто полувреме следуваше голеада. Најпрво Бенаси зголеми на 4:1, а потоа Џеко во 72-та минута заработи црвен картон и „волчицата“ остана со играч помалку. До крајот погодија уште еднаш Киеза и два гола постигна Симеоне.

Фиорентина така се пласираше во полуфиналето, а Рома најверојатно после овој пораз ќе остане без тренерот Ди Франческо, кој е пред отказ.

https://youtu.be/1ke-q2See4I

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Германците ги избраа најдобрите во годината!

Фудбалерот на Бајерн Џамал Мусиала ја доби наградата за најдобар играч на годината во сост…