Дома Топ вести Рома го враќа Парагваецот кој го „сруши“ Реал Мадрид?

Рома го враќа Парагваецот кој го „сруши“ Реал Мадрид?

sanabria

„Волчицата“ ново засилување би можела да доведе од Шпанија и тоа е фудбалер кој веќе го настапуваше во Рим.

Рома во текот на летото 2016 година го продаде Антонио Санабрија на Бетис за 7.5 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во тие моменти Рома со Бетис се договори да добие 50% од наредната продажба на Парагваецот, но и клубот од италијанската престолнина да има можност да го врати на „Олимпико“ за сума од 11 милиони евра.

Според последните информации, управата на „волчицата“ сега е спремна тоа да го направи, но не во јануари, туку во летниот преоден рок.

Санабрија прикажува одлични настапи и постигна шест погодоци во дресот на Реал Бетис, а тоа не помина незабележано од римскиот клуб кој сега сака да го врати.

Италијанските медиуми шпекулираат дека Рома би можела да ја искористи опцијата да го врати за само да го продаде за поголема сума, но ќе видиме дали Ди Франческо ќе се одлучи да го задржи доколку „волчицата“ навистина се одлучи да го врати во своите редови.

Санабрија има 21 година во дресот на Рома запиша два настапи, а во Шпанија настапува од 2015 година, најпрво беше позајмен на Спортинг Хихон за потоа да се врати во Рома, па да премине во Бетис.

Од 2013 година тој е член на сениорската репрезентација на Прагвај за која запиша девет настапи и постигна еден погодок.

Во продолжение погледнете го голот со кој Санабрија оваа сезона го „сруши“ Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ѓоковиќ изненади со својата изјава до кога сака да игра

Новак Ѓоковиќ во последно време не игра во најдобра форма, но сепак српскиот тенисер не ра…