Рускиот милијардер, Роман Абрамович кој 19 години беше газда на Челзи, сега е без клуб откако мораше да ги продаде „сините“ поради војната во Украина, но изгледа дека не може без фудбал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Абрамович го предводеше Челзи од 2003 до 2022 година и инвестираше многу пари кои на Челзи му донесоа во Англија и Европа. Челзи мораше да го продаде поради притисокот од јавноста и најавите за санкции кон клубот затоа што тој е близок со Владимир Путин.
Сега бразилските медиуми пренесуваат дека Абрамович може да купи клуб од Бразил, а имал две опции, Атлетико Минеиро и Сао Паоло.
Новата идеја на Абрамович е да создаде екипа со која ќе доминира во Јужна Америка.