Дома Фудбал Романо за пресвртот со Олмо: Трката е отворена

Романо за пресвртот со Олмо: Трката е отворена

Од денес истече клаузулата која Дани Олмо ја имаше во договорот со РБ Лајпциг, според која тој би можел да го напушти клубот во случај на понуда од 60 милиони евра.

Реално, заинтересираните клубови од денеска би требало да го комплетираат трансферот на Олмо за повисока сума, но поради пресвртот договаран во разговорите помеѓу клубот и агентите на Олмо, тој сепак ќе биде достапен по таа цена уште некое време.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Фабрицио Романо, најголемиот експерт меѓу новинарите за трансфери на фудбалери, го потврди овој расплет на настаните. Тој напиша дека во следните недели ќе има доволно понуди во висина од околу 60 милиони евра за купување на шпанскиот играч за врска од германскиот клуб.

Романо тврди дека претставниците на Олмо веќе разговарале со Барселона, Баерн и неколку клубови од англиската Премиер лига, но не и со Манчестер Сити, кој медиумите го истакнуваат како еден од кандидатите за потписот на Олмо. Се споменуваше и интересот на Пари Сен Жермен. „Трката е отворена“, изјави Романо.

Барселона испрати официјална понуда, објавија вчера шпанските медиуми. На Олмо му беше понуден договор за шест сезони, според кој во првите две години ќе заработува нешто помалку, а во третата ќе добие зголемување на платата. Инаку, Олмо има валиден договор до крајот на сезоната 2026/27.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Битката за Манчестер: „Граѓаните“ во криза, ѓаволите никако да се разбудат

Денес во фокусот ќе биде големото дерби помеѓу градските ривали од Манчестер. „Граѓаните“ …