Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло од Ролан Гарос.
Ѓоковиќ денес во мечот од второто коло со 3:0 во сетови 7:6, 6:4 и 6:4 го победи Шпанецот, Жаум Мунар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Не стигне Новак лесно до триумф во овој дуел. Шпанецот се покажа како незгоден противник и констатно се закануваше на најдобриот српски тенисер.
Во првиот сет се играше тај-брејк после голема борба и неколку брејкови. Таму подобро се снајде Ѓоковиќ и на искуство го доби првиот сет со 7:6.
Мунар во вториот сет беше незгоден. Сепак, Ѓоковиќ беше најдобар кога најмногу требаше и направи брејк во деветиот гејм, а потоа на свој сервис го потврди освојувањето и на вториот сет (6:4).
Без поголеми проблеми Новак го доби третиот сет, исто така со 6:4 за конечни 3:0 и пласман во третото коло.
Во третото коло Србинот ќе игра против Роберто Баутиста-Агут.