Дома Фудбал Германија Робен: Трансферот во Баерн беше најдобрата одлука во мојот живот!

Робен: Трансферот во Баерн беше најдобрата одлука во мојот живот!

Арјен Робен дена дилеми дека најдобрата одлука која ја донел во животот е да се пресели во Баерн Минхен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Холанѓанецот во 2009 година го напушти Реал Мадрид и се пресели во Баерн, каде ќе ја започне својата 10-та сезона.

„Ние сме на вистинскиот пат, но се разбира, секогаш има што да се подобрува. Спремни се за почетокот на новата сезона. Јас сум реален, не очекував да бидам 10 сезони во Баерн. Знам дека во фудбалот работите се одвиваат брзо и се можеше да биде поразлично“, истакна Робен.

„Првата голема одлука која ја донесов беше да ја напуштам татковината на 20 години и да заминам во Челзи. После две години поминати во Реал Мадрид добив понуда од Баерн. Најпрво бев скептичен и не знаев дали да прифатам, но сега сум сигурен дека тоа беше најдобрата одлука во мојот живот“, заклучи Робен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Најголемиот навивач на Лео Меси има 100 години! Бабата ја освои публиката на Светското првенство /ФОТО/

Најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, продолжува да испишува историја на Светс…