Дома Фудбал Германија Робен потврди: Заминувам на крајот на сезоната!

Робен потврди: Заминувам на крајот на сезоната!

Легендарниот холандски фудбалер Арјен Робен откри дека ја игра последната сезона за гермнаскиот гигант Баерн Минхен.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Робен денес полни 34 години, но се уште игра на врвно ниво, што покажа и пред неколку дена кога постигна два гола во Лигата на шампиони.

Сепак, Холанѓанецот призна дека на крајот на сезоната ќе си замине од Баерн Минхен.

„Ова е мојата последна сезона во Баерн. Ова навистина беа прекрасни десет години“, порача Робен.

Робен пристигна во Баерн во 2009 година од Реал Мадрид и од тогаш одигра 198 натпревари во Бундеслигата на кои постигна 98 гола.

Холанѓанецот со Баерн освои се што можеше да се освои, а се уште не откри дали ќе стави крај на кариерата или ќе се впушти во нова авантура.

https://youtu.be/tyhxQATIQ-0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

„Торцида“ запали голем транспарент на „Бед Блу Бојс“ во Загреб (Видео)

Инцидент го одбележа големото хрватско дерби меѓу Динамо Загреб и Хајдук Сплит на стадионо…