Дома Фудбал Ричарлисон: Сакав да се откажам од фудбалот по Светското првенство

Ричарлисон: Сакав да се откажам од фудбалот по Светското првенство

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон (26) има добра сезона за Тотенхем. Пред еден месец го запре повредата на коленото поради која пропушти два натпревари во Премиер лигата, но тој се врати на теренот пред репрезентативната пауза играјќи 10 минути против Фулам.

Во 23 лигашки настапи оваа сезона, тој постигна 10 гола и додаде три асистенции, а импресивна беше неговата серија од октомври минатата година до почетокот на февруари, во која постигна гол на седум од осумте натпревари на кои настапи.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Поранешниот играч на Вотфорд и Евертон, од кого лондонскиот клуб го донесе летото 2022 година за 58 милиони евра, често беше мета на критики, а бразилскиот репрезентативец кој има постигнато 20 гола во националниот тим, минатиот септември изјави дека му е потребна психолошка помош откако беше снимен како плаче на клупата на Бразил на мечот против Боливија.

Сега, во интервју за бразилски ESPN, тој ги откри деталите за неговата борба со депресијата.

Тој зборуваше за тоа како се чувствувал по Светското првенство во Катар, каде неговата репрезентација беше елиминирана во четврт-финалето од Хрватска: „Играв на Светското првенство, на мојот врв. Ја достигнав границата. Не знам, нема да зборувам за самоубиство, но таму бев во депресија и сакав да се откажам. По Светското првенство се чинеше како се да пропадна.

После тоа, кога се вратив во клубот, пред да дојдам на тренинг, веќе сакав да си одам дома. Само сакав да се вратам во мојата соба бидејќи не знам што ми се вртеше низ главата. Дури отидов и му кажав на татко ми дека ќе се откажам. Малку е тажно да се каже тоа. Низ што поминав по Светското првенство… Лудо е да одам кај татко ми, кој со мене се бореше за мојот сон, и да кажеш „Тато, сакам да се откажам“.

Тој рече дека одењето на терапија е најдобрата одлука: „Мислам дека, сакал некому или не, ме спаси. Ми го спаси животот. Порано мислев дека тоа е глупост… По ова искуство, ги советувам сите што чувствуваат потреба од психолог, нека го побараат, затоа што е убаво да се отворите така, да разговарате со таа личност“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта договорил голем трансфер: Барселона добива засилување од Германија

Сè повеќе се шпекулира дека Барселона веќе го завршила својот прв трансфер за новата сезон…