Дома Македонски спорт Ристовски: Ќе бидам горд ако обезбедиме бараж и не треба тука да застанеме

Ристовски: Ќе бидам горд ако обезбедиме бараж и не треба тука да застанеме

Македонија утре го последниот натпревар во квалификациите за Светското првенство во кој ќе има прилика сама да решава дали ќе игра бараж.

На денешната официјална прес-конференција пред натпреварот капитенот Стефан Ристовски и тој како и селекторот порача дека треба да влеземе со ладни глави. Македонија е статистички подобр на гости, меѓутоа репрезентативците не посветуваат посебно внимание на тој податок.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Секој натпревар е своја приказна. Не знаевме дека стастички сме подобри на гости, ние одиме натпревар по натпревар, тоа едноставно е така. Не чувствуваме посебен притисок дома, секој натпревар тука пред оваа публика е прекрасен. Се надевам така ќе продолжи. Судбината е во наши раце, можеби има притисок, но тоа е фудбалот. Сакам да влеземе со ладни глави и да ја оствариме целта“.

Капитенската лента не му носи посебен притисок.

„Продолжуваме со патот од претходно. Како капитен не чувствувам индивидуален притисок. Сега јас ја имам честа да ја носам капитенската лента. Ќе бидам горд ако успееме да обезбедиме бараж и не треба да застанеме тука. Очекувам Исланд утре да дојде тука и да игра фудбал. Имаат одлични фудбалери кои играат во добри првенства и секако нема да биде лесно“, изјави Ристовски.

Натпреварот со Исланд го играме утре од 18:00 часот.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Крај на сезоната за Енцо Фернандез!

Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандез ќе отсуствува до крајот на сезоната по…