Дома Македонски спорт Ристовски за првпат зборуваше за тој 15.мај во 2018 година: Се траеше околу две минути, останавме во соблекувалната час ипол!

Ристовски за првпат зборуваше за тој 15.мај во 2018 година: Се траеше околу две минути, останавме во соблекувалната час ипол!

Минатата година фудбалерите на Спортинг поради лошите резултати беа нападнати од своите ултраси кои влегоа во тренинг-центарот.

Македонскиот фудбалер сега за првпат јавно зборуваше за тој инцидент кој се случи на 15. мај 2018. Подоцна се откри дека зад тој напад на ултрасите стоел поранешниот претседател на Спортинг, Бруно Карваљо.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„И денеска се плашам поради тој инцидент. Стравувам дека после секој пораз може да ни се случи истото. Бевме во соблекувалнатак ога четири-пет навивачки со маски се обидуваа да ја пробијат вратат и да влезат во соблекувалната. Во целиот тренинг центар сигурно имаше 20-25, а во соблекувалната 10-15. На најлошо место беа Акуња и Батаља бидејќи беа прва. Акуња доби удар во главата, четворица или петмина беа над него и го удираа“.

„Се траеше кратко, можби две минути, но во тие моменти се и сешто леташе околу нас. Се закануваа и извикуваа дека ова ни е последна шанса да играме подобро. Беше навистина голем хаос и не видов дали некој друг беше повреден“.

„Соблекувалната се исполни со чад. Страв ни беше да ја напуштиме, по нападот останавме внатре час и половина, мислевме дека можеби не чекаат надвор. Излегувавме во групи, а кога си отидов дома веднаш се преселив во хотел, а мојата сопруга и ќерката ги испратив во Македонија“, откри Ристовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Го одби Ливерпул за да дојде во Јувентус и сега прави чуда!

Карло Алберто Белони, агентот на голманот на Јувентус, Микеле Де Грегорио, истакна дека ов…