Дома Македонски спорт Ристовски до Пандев: Гоки…пораснав со тебе, горд сум што бев дел од твоето време

Ристовски до Пандев: Гоки…пораснав со тебе, горд сум што бев дел од твоето време

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев вчера и официјално потврди дека е во играчка пензија.

Честитки за кариерата на Пандев пристигнуваат од секаде, се јави и клубот каде што ги помина најдобрите денови – Интер, а емотивна порака испрати Стефан Ристовски.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ристовски токму од Пандев ја наследи капитенската лента во репрезентацијата на Македонија.

„Гоки… пораснав со тебе, прво како идол, а покасно заедно и на терен. Горд сум што бев дел од твоето време. Емоциите се измешани, среќен за тоа што сме поминале заедно и тажен што повеќе нема да бидеш дел од теренот.

Фала ти што прв успеа светот да слушне за Македонија и македонскиот фудбал, фала ти што беше инспирација за сите нас. Ти си наша легенда и мој мотив засекогаш“, гласи пораката на Ристовски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вакво нешто во Серија А не се случило повеќе од половина век

Интер вчера со победата против Милан го потврди Скудетото кое го освои заслужено по сезона…