Дома Македонски спорт Мак фудбал Ристовски: Горд сум што го носам прекрасниот македонски дрес, сигурно ќе биде популарен помеѓу навивачите

Ристовски: Горд сум што го носам прекрасниот македонски дрес, сигурно ќе биде популарен помеѓу навивачите

Фудбалската федерација на Македонија заедно со техничкиот партнер „ЈАКО“ денес го претставуви новиот дрес – ТУКА.

Препознатливото сонце истакнато на градите на фудбалерите на модерен начин ја отсликува енергијата и гордоста на Македонија. Дизајнот на новиот дрес останува верен на македонското фудбалско наследство, додека резервниот дрес во бело-жолта боја е уште една интерпретација на македонскиот дизајн за фудбалерите и навивачите.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Нашата репрезентација добива уште една, трета варијанта на дресови и шорцеви во темна боја која дополнително го нагласува сонцето и националната гордост.

Стилските букви на презимињата и броевите на дресовите се во духот на нашата историја и традиција, со оглед на тоа што се инспирирани од кирилицата.

„Исклучително сум горд што имам привилегија да го носам прекрасниот македонски дрес. Со нетрпение очекувам да го облечеме новиот дрес кој ја следи препознатливата традиција. Нашиот дрес со сонце е еден од најпрепознатливите и сигурен сум дека ќе биде многу популарен меѓу нашите навивачи, изјави капитенот македонската репрезентација, Стефан Ристовски. 

Новиот дрес на македонската репрезентација, фудбалерите ќе го носат на првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2024 против Малта на Националната арена „Тодор Проески“ на 23. март во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…