Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Стефан Ристовски пред натпреварот со Италија даде интервју за еден од најпознатите италијански весници „Газета дело Спорт“.
Ристовски истакна дека во кариерата успеал да го запре Кристиано Роналдо па верува дека ќе успее и Италија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Репрезентацијата е едно големо семејство, сите си помагаме еден на друг. За да победите големи селекции како Италија потребен ви е тимски дух, мора сите да се жртвуваат. Јас еднаш успеав да го запрам Роналдо, па знам како и против Италија“.
За Македонија ова е натпревар во кој нема што да изгуби, додека Италијанците се под притисок.
„Немаме што да изгубиме во овој натпревар, но ве уверувам дека не дојдовме тука за да се предадеме. Ќе направиме за на цела Македонија да и донесеме нова голема радост. Знаеме која е Италија, станува збор за актуелен европски шампион со фантастични фудбалери. Од моето искуство играјќи во Италија научив многу и знам како треба да се соочиме“, изјави Ристовски.
Ристовски од италијанските клубови во кариерата го носеше дресот на Парма, Бари, Фросиноне, Кротоне и Латина. Натпреварот помеѓу Италија и Македонија се игра утре од 20:45 часот.
Фото: ФФМ