Maкедонија го стартуваше Европското првенство со два порази, но тоа не ја расипува атмосферата во нашата ракометна репрезентација која утре ќе го игра најважниот натпревар против Романија.
Иако ги изгубивме првите два натпревари се уште имаме шанси да се пласираме во следната фаза, потребна ќе ни биде победа против Романија која сепак е фаворит. Сара Ристовска која вчера го доби признанието за играч на натпреварот вети голема борба.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Благодарност до сите кои беа со нас на овие натпревари. Немаме искуство од големите натпреварувања, правиме многу грешки и мораме да ги поправиме. Пред нас е уште еден важен натпревар за кој верувам ќе направиме добра анализа и ќе прикажеме повеќе Мораме да се бориме како лавици до последната минута“, порача Ристовска.
Натпреварот со Романија Македонија го игра утре исто така од 18:00 часот.
Фото: РФМ