Дома Фудбал Лига на шампиони Рио Фердинанд со описот на фотографијата со Лионел Меси го насмеа фудбалскиот свет (ФОТО)

Рио Фердинанд со описот на фотографијата со Лионел Меси го насмеа фудбалскиот свет (ФОТО)

Фудбалерите на Барселона и Манчестер Јунајтед вечерва играат на „Камп Ноу“ во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Каталонскиот клуб во првиот натпревар кој се играше минатата недела на „Олд Трафорд“ победи со минимални 1:0 и јасно е дека е во многу подобра позиција пред вечерашниот реванш во Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа Манчестер Јунајтед во минатата фаза против Пари Сен Жермен покажа дека е тим кој не смее да се отпише и дека се способни да направат големо изненадување.

Јасно е дека најголема опасност за Манчестер Јунајтед доаѓа од Лионел Меси кој во минатото им задаваше тешки удари. Посебно тука се мисли на двете финалиња во Лигата на шампионите кои Барселона ги доби, а во двете Меси постигна по еден гол.

Пред вечерашниот натпревар на „Камп Ноу“ се огласи легендарниот дефанзивец на англискиот клуб, Рио Фердинанд. Тој објави фотографија од натпреварот против Барселона пред 11 години на која е во дуел со Меси кој тогаш беше на почетокот од својата кариера.

Меси уште тогаш покажуваше неверојатен талент и беше јасно дека пред него е голема кариера. Фердинанд спортската јавност ја насмеа со описот на оваа фотографија.

„Те молам оди таму“, напиша Фердинанд покрај фотографијата на која се гледа како се обидува да го „избрка“ Меси од голот на „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ништо од Баерн – Нагелсман потпиша!

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман го продолжи договорот…