Дома Фудбал Останато Рио Фердинанд во 2008 година можел да заврши во Барселона

Рио Фердинанд во 2008 година можел да заврши во Барселона

Иконата на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд призна дека во еден момент од кариерата бил блиску да премине во Барселона.

Фердинанд во дресот на Манчестер Јунајтед помина 12 сезони и за тој период освои шест титули шампион на Англија и една титула во Лигата на шампионите. Меѓутоа сега откри дека во 2008 година бил блиску до Барселона која тогаш беше предводена од Франк Рајкард.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Беше многу блиску. Тие разговараа со мојот агент, Барселона ги договори основните услови. Потоа јас разговарав со Рајкард, не за одењето таму, но тој јасно ми кажа дека сака да ме доведе. Беше тоа откако ремизиравме против Барселона со 0:0. Јас и Рајкард разговаравме во тунелот“.

„Навистина зборував  дека би сакал да одам надвор од Англија. Но, во еден момент си помислив зошто да одам кога можам да бидам успешен во својата земја и да играм за клуб каов што е Манчестер Јунајтед. Тогаш ги победивме, а подоцна станавме шампиони на Европа. Значи, зошто би го напуштил шампионот на Европа за да одам во некој клуб кој тогаш беше во транзиција? Во тоа време Чави, Иниеста или Меси не беа играчи какви што станаа после три-четири години“, објасни Фердинанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…