Првиот тенисер во светот Србинот Новак Ѓоковиќ и 21 годишниот Норвежанец Каспер Руд се првиот полуфинален пар на АТП турнирот во Рим.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Младиот Норвежанец кој во петокот го победи Марин Чилиќ, денес беше подобар од Матео Беретини 4:6, 6:3, 7:6 (5), додека Ѓоковиќ многу потешко од очекуваното го совлада 97. тенисер Германецот, Доминик Копфер 6:3, 4:6, 6:3.
Подоцна денес играат четвртфиналните парови во кои ќе се сретнат: Канаѓанецот Денис Шаовалов и Бугарниот Гриогор Димитров, како и Аргентинецот Диего Шварцман и Рафел Надал.