Дома Фудбал Останато Ривер има 25 заразени играчи и нема голман, но мора да игра затоа што ќе добие казна

Ривер има 25 заразени играчи и нема голман, но мора да игра затоа што ќе добие казна

Аргентинскиот фудбалски гигант, Ривер Плата во понеделникот објави дека има нови пет случаи на коронавирус помеѓу своите играчи.

Ривер ноќта помеѓу среда и четврток во два часот по средноевропско време требаше да го пречека колумбискиот Санта Фе во натпревар од 5. коло во Копа Либертадорес. Во овој момент во тимот има само 10 здрави играчи, а тренерот Марсело Гаљардо нема ниту еден од четворицата голмани за ова натпреварување.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според правилата на Копа Либертадорес натпреварот мора да биде одигран ако клубот на располагање има барем сдум играчи.

Токму поради ваква ситуација КОНМЕБОЛ им дозволи на клубовите за Копа Либертадорес да регистрираат дури 50 играчи, но Ривер има само 32. Најголем проблем е што на располагање нема ниту еден голман.
Ривер затоа дополнително ќе се обиде да го регистрира 21 годишниот Алан Леонард Диаз кој бранеше во натпреварот од аргентинскиот Лига Куп во кој Ривер беше поразен од Бока после изведувањето пенали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…