Дома Фудбал Ривалдо убеден: Солари нема квалитет да го води Реал Мадрид

Ривалдо убеден: Солари нема квалитет да го води Реал Мадрид

Легендарниот Бразилец Ривалдо, јавно го критикуваше новиот тренер на Реал Мадрид, Сантијаго Солари.

Ривалдо е убеден дека Солари на клупата на Реал Мадрид ќе се задржи многу кратко, односно еден или два натпревари.

„Тој ќе остане еден или два натпревари, а потоа Реал ќе постигне договор со некој друг тренер“, смета легендарниот фудбалер.

После дебаклот од 5:1 против Барселона на „Ноу Камп“, Јулиен Лопетеги беше отпуштен, а како привремено решени засега е Сантијаго Солари.

„Се надевам дека нема да го повтори успехот на Зидан кој дојде во сличен период на транзиција. Со сета почит кон Солари и неговата работа, тој нема капацитет за тренер на Реал Мадрид“, заклучи Ривалдо кој е и поранешен фудбалер на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиерлигашки тренери молчат за пресудата на Манчестер Сити

Тренерите на Премиер лигата првпат се соочија со медиумите по пресудата за Манчестер Сити.…