Дома Фудбал Ривалдо: Според мене, Златната топка треба да ја добие Меси

Ривалдо: Според мене, Златната топка треба да ја добие Меси

Се чини дека одамна не постои толкава дилема за тоа кој ќе ја освои Златната топка за најдобар играч на светот, како што е тоа случај оваа година.

При крајот на сезона делуваше дека Меси е единственото име кое е фаворит за оваа престижна награда, но со оглед дека неговата Барса испадна од Ливерпул во ЛШ, а Ван Дајк со Црвените го освои ова натпреварување, се појавија дилемите.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Според многумина, одличниот холандски дефанзивец заслужил да ја освои својата прва Златна топка, но легендарниот Бразилец Ривалдо сепак нема дилема.

Тој смета дека Меси треба да го освои своето шесто признание.

„Според мене, Златната топка оваа сезона е за Меси. Заслужи за се што направи. Не ја освои ЛШ, но поради тоа што го направи на индивидуално ниво треба да го добие признанието. Постигна многу голови, важни голови.“ – изјави Ривалдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…