Дома Фудбал Останато Ривалдо со порака до Меси: Помогни му за да не стане „новиот Кутињо“

Ривалдо со порака до Меси: Помогни му за да не стане „новиот Кутињо“

Легендата на бразилскиот фудбал, Ривалдо испрати порака до Лионел Меси која е поврзана со Антоан Гризман.

На „Камп Ноу“ Гризман дојде минатото лето од тимот на Атлетико Мадрид меѓутоа засега тој не ги оправдува големите очекувања и изгледа како тешко да му оди поврзувањето на теренот на со соиграчите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ривалдо смета дека Меси мора да му помогне на Гризман за тој да не биде „новиот Кутињо“, алудирајќи на тоа што Бразилецот не се снајде во Барселона.

„Барселона победи на двата натпревари по „рестартот“ на сезоната со Гризман во почетниот тим. Меѓутоа тој и понатаму е далеку од играчот што беше во Атлетико Мадрид. Голем дел од јавноста веќе го споредува со Кутињо. Тие споредби тешко е да се прават, но на Гризман му недостасуваат головите и тоа штети на неговата самодоверба“.

„Верувам дека Меси може да му помогне. Можеби ќе му дозволи да изведува некои пенали, тие голови секако за Гризман би биле добредојдени. Така во минатото Меси веќе му помогна на Суарез“, изјави Ривалдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…