Легендарниот фудбалер на Барселона, Ривалдо смета дека Лионел Меси со право е лут на спортскиот директор на клубот, Ерик Абидал.
Французинот во интервју за каталонскиот „Спорт“ изјави дека играчите биле виновни за отказот на Ернесто Валверде. Тоа Меси го сфати лично и му порача на Абидал да потенцира на кого мисли точно.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На оваа тема свое мислење даде и легендарниот фудбалер на Барселона, Ерик Абидал.
„Реакцијата на Меси мене ми изгледа нормална, има право да биде лут на Абидал. Ерик се жалеше на професионализмот на играчите, но не спомна имиња и сега цел тим е под сомневање. Тешко е да се зборува за оваа ситуација од страна, но Меси се обиде да се одбрани себе и да ја зачува својата репутација. Меси и Абидал сега треба да седнат и како возрасни луѓе да решат се пред проблемот да стане поголем“, изјави Ривалдо.