Дома Фудбал Останато Ривалдо: Интер и да има пари Меси нема да сака да оди таму

Ривалдо: Интер и да има пари Меси нема да сака да оди таму

Бразилската легенда Ривалдо во интервју за „Бетфаир“ зборуваше за статусот на Лионел Меси и шпекулациите за негово можно заминување од клубот.

Во последно време медиумите пишуваат дека Интер сериозно размислува за Меси, дури некои одеа до тума што тврдеа дека започнале и преговори. Меси сепак, со фотографија на Инстаграм ги демантираше таквите вести.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ако Меси веќе заминува мислам дека би потпишал за некој кинески клуб или некој од МЛС лигата. Дури и Интер навистина да има пари, не верувам дека ќе го интересира таков трансфер“, изјави Ривалдо.

Оваа изјава е и како еден одговор на поранешниот прв човек на Интер, Масио Морати кој пред неколку дена изјави:

„Не мислам дека Меси е сон кој Интер не може да го оствари. Жанг (претседателот) има амбиции и пари да го доведе“, гласеше изјавата на Морати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…