Дома Фудбал Лига на шампиони Рибери со порака до Реал: Битката е изгубена, но војната не е завршена

Рибери со порака до Реал: Битката е изгубена, но војната не е завршена

ribery

Најагилниот поединец во редовите на Баерн Минхен во текот на вчерашниот натпревар со Реал Мадрид се огласи преку друштвените мрежи.

Франк Рибери на својот Твитер профил постави фотографија од вчерашниот натпревар на „Алијанц Арената“ и порача дека Реал Мадрид ја добил битката, но и дека војната не е завршена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Битката е изгубена, но војната не е завршена. Ќе ги искористиме своите шанси во Мадрид“, порача Рибери.

Францускиот интернационалец беше најголема закана за Реал во вчерашниот натпревар, но немаше среќа да се запише во листата на стрелци или пак да биде асистент.

Реваншот на програмата е наредниот вторник и останува да видиме дали Баерн ќе успее да ја надополни негативата и да се пласира во Киев или пак Реал ќе стигне до ново финале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…