Дома Фудбал Италија Рибери се жалеше за грабежот, навивачите му одговорија: Не ти е ова Меделин!

Рибери се жалеше за грабежот, навивачите му одговорија: Не ти е ова Меделин!

Франк Рибери доби жестока порака од страна на навивачите на Фиорентина откако на друштвените мрежи се пожали дека му е ограбен станот.

Рибери се жалеше на сигурноста во Фиренца.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„После победата против Парма се вратив дома. „Дома“ во Италија каде што се решив да ја продолжам кариерата по годините во Минхен. Еве што најдов. Мојата сопруга остана без чанти и накит, сепак за среќа најважните работи се тука. Шокиран сум и не можам да го прифатам ова. Не трчам по милиони и фала му на Бога не ми недостига ништо и понатаму можам да трчам по топката. Топката е мојата пасија, но пасија или не моето семејство е на прво место и ќе ја донесеме најдобрата одлука за нас како семејство“.

Група навивачи на Фиорентина му одговори на францускиот фудбалер и беа прилично остри.

„Драг Франк, разбираме дека си во шок, но прво испери си ја устата пред да кажеше такво нешто за Фиренца. Не е ова Меделин. Богатите луѓе се мета на крадци секаде во светот, а ти си доволно богат да си дозволиш алармен систем и приватно осигурување. Не ограбуваат и нас сиромашните па сме тивки и го поднесуваме тоа“, соопшти навивачката група.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ништо од Баерн – Нагелсман потпиша!

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман го продолжи договорот…