Севиља и Барселона утре ќе се борат за трофејот во шпанскиот Куп на Кралевите. Финалниот дуел од овој меч ќе се одигра на стадионот на „Атлетико Мадрид“.
Доколку сакаат да дојдат до трофејот против големиот противник, фудбалерите на Севиља ќе мораат да го сопрат Лео Меси, а дефанзивецот Габриел Меркадо знае дека тоа ќе биде тешка задача.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меркадо иначе е Аргентинец, добро е запознаен со квалитетите на Лео Меси, а за Диарио АС истакна дека неговиот славен сонародник е тешко да се сопре дури и со прекршок.
„Ако го удрам, не можам да се вратам во Аргентина“, се пошегува Меркадо, па продолжи:
„Невозможно е да се сопре дури и со фаул… Тој едноставно станува и продолжува понатаму бидејќи сака да игра фудбал, да биде подобар од противникот и да постигнува голови. Лео е најдобриот играч на светот во тоа нема сомнеж. Може да постигне гол од секоја позиција, секаде е на теренот и константно им асистира на соиграчите. Мораме да бидеме добри во сите сегменти, но особено во одбраната. Сепак, ние сонуваме за освојување на Купот и знаеме колку цврсти мораме да бидеме“, порача на крајот Меркадо.
Инаку финалето на Купот на Кралевите на програмата е утревечер со почеток од 21:30 часот.