Дома Фудбал Ретко видена ситуација: Тухел го заменил Вернер, па го викаше од соблекувална да се врати на терен! 🎥

Ретко видена ситуација: Тухел го заменил Вернер, па го викаше од соблекувална да се врати на терен! 🎥

Челзи вчера беше поразен од ВБА со 2:5, „сините“ добро започнаа, Пулишиќ постигна гол, но потоа дозволија тимот на Алардајс да го сврти резултатот.

На полувремето Тухел го остави Вернер во соблекувалната, Германецот беше лош и во овој натпревар. Него требаше да го замени Маунт. Тогаш се случи детал кој многумина не го забележаа.

По истрчувањето на теренот Пулишиќ се фати за ложата после што му сигнализираше на Тухел дека нема да може да продолжи. Во тој момент германскиот стратег на еден од своите асистенти веднаш му кажа да го повика назад Вернер кој остана во соблекувалната. Измената се уште не беше пријавена, па Тухел имаше време да реагира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Естигард го минува роденденот во болница, Де Роси: Мислевме дека не е толку сериозно

Дефанзивецот на Џенова повторно е хоспитализиран по високата температура и силната главобо…